1Возвишен нека е Тој што во еден дел од ноќта го пренесе Својот роб од Месџиди Харам во Месџиди Акса, чија околина ја благословивме, за да му покажеме некои од Нашите знаци. Тој сè слуша и сè гледа.
5Кога ќе дојде времето на првиот од двата нереда, ќе ги испратиме против вас робовите Наши, силно моќни, тие домовите ваши ќе ги прегазат, и ветувањето за казната ќе го исполнат.
7Па ако правите добро, за себе го правите, а ако правите зло, против себе го правите! А кога ќе дојде времето на другиот неред, на лицата ваши тага и јад да остави и во Храмот да влезат како што во него влегле и првиот пат, и до темел да срушат сè со што ќе завладеат.
12И Ние ноќта и денот како два знака ги направивме: знакот за ноќта го тргнавме, а знакот за денот видлив го направивме за да можете да ги барате благодатите од Господарот свој и за да го знаете бројот на годините и за да го пресметувате времето, и сè детално објаснивме.
15Тој што оди по Вистинскиот пат, од тоа само тој ќе има корист, а тој што талка – на своја штета талка, и ниту еден грешник туѓите гревови нема да ги носи! А Ние ниту еден народ не сме казниле, додека Пратеник не сме им испратиле!
16Кога сакаме да уништиме некој народ, на тие кои во него се навикнале на раскош им наредуваме покорност, и тие на развратот му се оддаваат и така ја заслужуваат казната, па тогаш до темел го рушиме!
18На тој што го сака овој свет, Ние бргу му даваме што сакаме и на кого сакаме, но потоа Џехенемот ќе му го подготвиме, каде засрамен и отфрлен ќе се пече.
23Господарот твој заповеда само Него да Го обожувате и на родителите добро да им правите. Кога еден од нив двајца, или двајцата, ќе доживеат старост кај тебе, не вели им ни: „Уф!“ – и не кревај го гласот свој кон нив, туку обраќај им се со зборови полни со почит!
33И не убивајте некого, чие убивање Аллах го забранил, освен кога правдата тоа го изискува! А ако некој, ни крив ни должен е убиен, тогаш на неговиот наследник му даваме власт, но ни тој нека не ја пречекорува границата во убивањето, бидејќи тој, навистина, е помогнат.
34И не доближувајте му се на имотот на сирачето, освен ако сакате да го зголемите, сè додека не стане полнолетно. И исполнете ја обврската, затоа што за обврската навистина ќе се одговара.
39Тоа е мудроста која Господарот твој ти ја објавува. И не здружувај Му на Аллах друг бог, за да не бидеш фрлен во Џехенемот, прекорен и од милоста Негова оддалечен.
44Него Го слават седумте небеса и Земјата, и тие на нив; и не постои ништо што не Го слави, фалејќи Го; но вие не го разбирате славењето нивно. Тој е навистина Благ и многу простува.
46а на срцата нивни прекривки за да не го разберат, и глуви ги правиме. И кога ти ќе го спомнеш Господарот свој во Куранот, Него Единиот, ги вртат грбовите од одбивноста кон него.
47Ние најдобро знаеме што сакаат тие да чујат кога доаѓаат да те прислушкуваат, и за што шепотат кога насилниците велат: „Вие следите само опседнат човек!“
51или какво било суштество за кое мислите дека не може да биде оживеано.“ „А кој ќе нè врати во живот?“ – ќе запрашаат тие, а ти кажи: „Тој што и првиот пат ве создаде.“ – а тие пред тебе ќе мавтаат со главите (негирајќи) и ќе запрашаат: „Кога тоа?“ – Ти кажи: „Можеби набрзо.“
53Кажи им на робовите Мои да зборуваат само убави зборови, бидејќи шејтанот би можел да посее непријателство помеѓу нив, шејтанот е навистина човеков отворен непријател.
55Господарот твој најдобро ги познава тие на небесата и тие на Земјата; Ние едните веровесници над другите ги одликувавме, а на Давуд, Зебурот му го дадовме.
57Тие на коишто овие им се молат, самите бараат начин како што повеќе да Му се приближат на својот Господар, и се надеваат на милоста Негова и се плашат од казната Негова. А од казната на Господарот твој секој треба да се чува.
59А да не праќаме чуда, нè задржува само тоа што ни древните народи во нив не поверуваа; на Семуд како видливо чудо камила му дадовме, но тие во неа не поверуваа. А чудата ги праќаме само за да заплашиме.
60И кога ти рековме: „Сите луѓе Господарот твој ги опфаќа, а сонот што ти го покажавме и проколнатото дрво, во Куранот спомнато, искушение се за луѓето“, Ние ги заплашуваме, но ним само им се зголемува и онака големата осиленост.
61И кога им рековме на мелеците: „Поклонете му се на Адем!“ – тие сите се поклонија, освен Иблис. „Зарем да му се поклонам на тој што Ти го создаде од глина?“ – рече.
62„Кажи ми,“ – рече потоа – „еве ти го овој што над мене го воздигна: ако ме оставиш до Крајот на светот, сигурно над потомството негово ќе завладеам, освен над малкумина.
64И заведувај со гласот свој кого можеш и тргни кон нив со својата коњаница и со својата пешадија, и биди им партнер во имотот, и во децата, и давај им ветувања, – а шејтанот само ги мами –
67Кога ќе ве снајде неволја на море, тогаш ги нема тие на кои вообичаено им се молите, постои само Тој. А кога Тој на копното ќе ве спаси, вие се свртувате (од Него); човекот секогаш е неблагодарен!
69Или, зарем сте сигурни дека Тој нема по вторпат на море да ве изнесе, и бура на вас да испрати и да ве потопи поради тоа што сте биле неблагодарни? Тогаш не би нашле никого кој поради вас би нè повикал Нас на одговорност.
70Ние навистина ги одликувавме синовите на Адем: им дадовме по копно и по море да патуваат, и ги снабдивме со вкусни јадења, и им дадовме големи предности над мноштвото кои сме ги создале.
71А на Денот кога ќе ги повикаме сите луѓе со предводникот нивен, тие на кои ќе им се даде книгата нивна во десната рака, ќе ги читаат книгите свои и нема да им биде направена ниту тронка неправда;
75и тогаш навистина ќе ти дадевме да искусиш двојна мака во животот и двојно страдање по смртта; тогаш не би нашол никого кој против Нас би ти помогнал.
78Извршувај го намазот (молитвата) кога Сонцето од половина небо ќе тргне, па до ноќната темнина, и намазот в мугри, бидејќи на намазот в мугри многумина присуствуваат.
93или ако имаш куќа од злато или додека на небото не се искачиш, а нема ни да ти веруваме дека си се искачил сè додека не ни ја донесеш Книгата да ја читаме.“ Кажи: „Возвишен нека е Господарот мој! Зарем јас не сум само човек, Пратеник?“
97А кого Аллах ќе го упати – тој е навистина упатен, а тој што ќе го заблуди – на нив, освен Него, нема да им најдеш заштитници. Ние на Судниот ден ќе ги собереме со лицата кон земјата свртени, слепи, неми и глуви; живеалиштето нивно ќе биде Џехенемот; кога ќе им се намали пламенот, ќе им го зголемиме огнот.
99Зарем тие не знаат дека Аллах, Создателот на небесата и на Земјата, е способен да создаде слични на нив и дека веќе им го одредил Часот на оживувањето, во кој нема сомнеж? Но насилниците само негираат.
100Кажи: „Кога вие би ги поседувале ризниците од милоста на Господарот мој, и тогаш би биле скржави од страв да не потрошите; човекот секогаш е скржав.“
101Ние на Муса девет јасни знаци му дадовме, па запрашај ги синовите Израилови кога тој на предците нивни им дојде и кога фараонот му рече: „Јас мислам, о, Муса, дека ти си навистина маѓепсан.“
102А Муса одговори: „Ти добро знаеш дека ова не го дал никој друг туку Господарот на небесата и на Земјата, како јасни знаци, и јас мислам дека ти, о, фараону, сигурно ќе настрадаш.“
107Кажи: „Било да верувате во него или да не верувате, на тие на кои пред неговото објавување им е дадено знаење, паѓаат со лицата на тлото, извршувајќи сеџда, кога тој им се чита,
110Кажи: „Повикувајте: ,Аллаху!‘, или повикувајте: ,Семилосен!‘, а како и да Го повикувате, Неговите имиња се најубави.“ Не изговарај го Куранот со сиот глас кога го извршуваш намазот (молитвата), а и не пригушувај го; барај ја средината во тоа.
111И кажи: „Сета благодарност Му припаѓа на Аллах Кој нема дете и Кој во власта нема ортак, и на Кој не му треба заштитник поради немоќ – и величај Го со сета величественост!