إِذَا السَّمَاءُ انْشَقَّتْ
Кога небото ќе се раскине,
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَٰنِ الرَّحِيمِ
1.Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот!
إِذَا السَّمَاءُ انْشَقَّتْ
Кога небото ќе се раскине,
وَأَذِنَتْ لِرَبِّهَا وَحُقَّتْ
и кога Господарот свој ќе го послуша – а тоа ќе биде должно за тоа –
وَإِذَا الْأَرْضُ مُدَّتْ
и кога Земјата ќе се растегне,
وَأَلْقَتْ مَا فِيهَا وَتَخَلَّتْ
и ќе го исфрли тоа што е во неа, и потполно ќе се испразни,
وَأَذِنَتْ لِرَبِّهَا وَحُقَّتْ
и ќе го послуша Господарот свој – а таа ќе биде должна за тоа –
يَا أَيُّهَا الْإِنْسَانُ إِنَّكَ كَادِحٌ إِلَىٰ رَبِّكَ كَدْحًا فَمُلَاقِيهِ
ти, о, човеку, што многу се трудиш, трудот свој пред Господарот свој ќе го најдеш.
فَأَمَّا مَنْ أُوتِيَ كِتَابَهُ بِيَمِينِهِ
Оној кому книгата негова во неговата десна рака ќе му биде дадена
فَسَوْفَ يُحَاسَبُ حِسَابًا يَسِيرًا
лесно ќе ја положи сметката
وَيَنْقَلِبُ إِلَىٰ أَهْلِهِ مَسْرُورًا
и кај своето семејство радосен ќе се врати.
وَأَمَّا مَنْ أُوتِيَ كِتَابَهُ وَرَاءَ ظَهْرِهِ
А оној кому книгата негова од зад неговиот грб ќе му биде дадена
فَسَوْفَ يَدْعُو ثُبُورًا
пропаста ќе ја повикува
وَيَصْلَىٰ سَعِيرًا
и во огнот ќе гори,
إِنَّهُ كَانَ فِي أَهْلِهِ مَسْرُورًا
бидејќи со семејството свое радосен беше
إِنَّهُ ظَنَّ أَنْ لَنْ يَحُورَ
и мислеше дека никогаш нема да се врати –
بَلَىٰ إِنَّ رَبَّهُ كَانَ بِهِ بَصِيرًا
а ќе се врати! Неговиот Господар за него, навистина, сè знае!
فَلَا أُقْسِمُ بِالشَّفَقِ
И се колнам во руменилото вечерно,
وَاللَّيْلِ وَمَا وَسَقَ
и во ноќта, и во тоа што таа со темнината го обвива,
وَالْقَمَرِ إِذَا اتَّسَقَ
и во полната Месечина,
لَتَرْكَبُنَّ طَبَقًا عَنْ طَبَقٍ
вие, сигурно, на сè потешки и потешки прилики ќе наидувате!
فَمَا لَهُمْ لَا يُؤْمِنُونَ
Па што им е, зошто не сакаат да веруваат?!
وَإِذَا قُرِئَ عَلَيْهِمُ الْقُرْآنُ لَا يَسْجُدُونَ ۩
И зошто, кога Куранот им се чита, на тло со лицето не паѓаат?!
بَلِ الَّذِينَ كَفَرُوا يُكَذِّبُونَ
Напротив, неверниците негираат,
وَاللَّهُ أَعْلَمُ بِمَا يُوعُونَ
а Аллах добро знае тие што кријат во себе,
فَبَشِّرْهُمْ بِعَذَابٍ أَلِيمٍ
затоа навести им неиздржливо страдање!
إِلَّا الَّذِينَ آمَنُوا وَعَمِلُوا الصَّالِحَاتِ لَهُمْ أَجْرٌ غَيْرُ مَمْنُونٍ
Но тие што ќе веруваат и што добри дела ќе прават, непрекидна награда ќе ги чека.