وَالسَّمَاءِ ذَاتِ الْبُرُوجِ
Се колнам во небото ѕвездено
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَٰنِ الرَّحِيمِ
1.Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот!
وَالسَّمَاءِ ذَاتِ الْبُرُوجِ
Се колнам во небото ѕвездено
وَالْيَوْمِ الْمَوْعُودِ
и во Денот веќе одреден,
وَشَاهِدٍ وَمَشْهُودٍ
и во сведокот и во посведоченото.
قُتِلَ أَصْحَابُ الْأُخْدُودِ
Проклети нека се тие што рововите ги ископаа,
النَّارِ ذَاتِ الْوَقُودِ
и кои со оган и гориво ги наполнија,
إِذْ هُمْ عَلَيْهَا قُعُودٌ
кога околу него седеа
وَهُمْ عَلَىٰ مَا يَفْعَلُونَ بِالْمُؤْمِنِينَ شُهُودٌ
и беа сведоци на тоа што на верниците им го правеа!
وَمَا نَقَمُوا مِنْهُمْ إِلَّا أَنْ يُؤْمِنُوا بِاللَّهِ الْعَزِيزِ الْحَمِيدِ
А им се одмаздуваа само затоа што веруваа во Аллах, Силниот и за благодарност Достојниот,
الَّذِي لَهُ مُلْكُ السَّمَاوَاتِ وَالْأَرْضِ ۚ وَاللَّهُ عَلَىٰ كُلِّ شَيْءٍ شَهِيدٌ
Чијашто власт е на небесата и на Земјата, а Аллах е Сведок на сè.
إِنَّ الَّذِينَ فَتَنُوا الْمُؤْمِنِينَ وَالْمُؤْمِنَاتِ ثُمَّ لَمْ يَتُوبُوا فَلَهُمْ عَذَابُ جَهَنَّمَ وَلَهُمْ عَذَابُ الْحَرِيقِ
Тие што верниците и верничките ќе ги мачат, и потоа нема да се покајат, ги чека казна во Џехенемот и исто така пржење во огнот.
إِنَّ الَّذِينَ آمَنُوا وَعَمِلُوا الصَّالِحَاتِ لَهُمْ جَنَّاتٌ تَجْرِي مِنْ تَحْتِهَا الْأَنْهَارُ ۚ ذَٰلِكَ الْفَوْزُ الْكَبِيرُ
А тие што ќе веруваат и ќе прават добри дела ги чекаат џенетски градини низ кои реки течат, а тоа голем успех ќе биде.
إِنَّ بَطْشَ رَبِّكَ لَشَدِيدٌ
Одмаздата на Господарот твој, навистина, ужасна ќе биде!
إِنَّهُ هُوَ يُبْدِئُ وَيُعِيدُ
Тој од ништо создава и повторно тоа ќе го направи.
وَهُوَ الْغَفُورُ الْوَدُودُ
И Тој простува и полн е со љубов,
ذُو الْعَرْشِ الْمَجِيدُ
Господарот на Аршот, Возвишениот,
فَعَّالٌ لِمَا يُرِيدُ
Тој прави што Му е Нему по волја.
هَلْ أَتَاكَ حَدِيثُ الْجُنُودِ
Дали допре до тебе веста за војските,
فِرْعَوْنَ وَثَمُودَ
за фараонот и за Семуд?
بَلِ الَّذِينَ كَفَرُوا فِي تَكْذِيبٍ
Но, тие што не веруваат постојано негираат,
وَاللَّهُ مِنْ وَرَائِهِمْ مُحِيطٌ
а на Аллах тие нема да можат да Му избегаат.
بَلْ هُوَ قُرْآنٌ مَجِيدٌ
А ова е Куранот величествен,
فِي لَوْحٍ مَحْفُوظٍ
на Плочата внимателно чувана.