إِذَا زُلْزِلَتِ الْأَرْضُ زِلْزَالَهَا
Кога Земјата со својот најжесток потрес ќе се потресе,
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَٰنِ الرَّحِيمِ
1.Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот!
إِذَا زُلْزِلَتِ الْأَرْضُ زِلْزَالَهَا
Кога Земјата со својот најжесток потрес ќе се потресе,
وَأَخْرَجَتِ الْأَرْضُ أَثْقَالَهَا
и кога Земјата тежините свои ќе ги исфрли,
وَقَالَ الْإِنْسَانُ مَا لَهَا
и кога човекот ќе извика: „Што ѝ е?!“ –
يَوْمَئِذٍ تُحَدِّثُ أَخْبَارَهَا
тој Ден, таа, вестите свои ќе ги кажува,
بِأَنَّ رَبَّكَ أَوْحَىٰ لَهَا
бидејќи Господарот твој ќе ѝ нареди.
يَوْمَئِذٍ يَصْدُرُ النَّاسُ أَشْتَاتًا لِيُرَوْا أَعْمَالَهُمْ
Тој Ден луѓето одделно ќе се појават за делата нивни да им се покажат;
فَمَنْ يَعْمَلْ مِثْقَالَ ذَرَّةٍ خَيْرًا يَرَهُ
тој што дури и трошка добро ќе стори – ќе го види,
وَمَنْ يَعْمَلْ مِثْقَالَ ذَرَّةٍ شَرًّا يَرَهُ
и тој што дури и трошка зло ќе стори – ќе го види!