وَالسَّمَاءِ وَالطَّارِقِ
Се колнам во небото и во Тарик!
بِسْمِ اللَّهِ الرَّحْمَٰنِ الرَّحِيمِ
1.Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот!
وَالسَّمَاءِ وَالطَّارِقِ
Се колнам во небото и во Тарик!
وَمَا أَدْرَاكَ مَا الطَّارِقُ
А знаеш ли ти што е Тарик?
النَّجْمُ الثَّاقِبُ
Ѕвезда блескава!
إِنْ كُلُّ نَفْسٍ لَمَّا عَلَيْهَا حَافِظٌ
Нема човек над кого некој не бдее.
فَلْيَنْظُرِ الْإِنْسَانُ مِمَّ خُلِقَ
Нека погледне човекот од што е создаден!
خُلِقَ مِنْ مَاءٍ دَافِقٍ
Создаден е од течноста што се исфрла,
يَخْرُجُ مِنْ بَيْنِ الصُّلْبِ وَالتَّرَائِبِ
од врската на надворешните делови на телата на мажот и на жената.
إِنَّهُ عَلَىٰ رَجْعِهِ لَقَادِرٌ
И Тој навистина е кадар повторно да го создаде,
يَوْمَ تُبْلَى السَّرَائِرُ
оној Ден кога ќе биде испитувана совеста,
فَمَا لَهُ مِنْ قُوَّةٍ وَلَا نَاصِرٍ
кога човек ниту сила ниту бранител ќе има.
وَالسَّمَاءِ ذَاتِ الرَّجْعِ
И се колнам во небото дождливо
وَالْأَرْضِ ذَاتِ الصَّدْعِ
и во земјата која се отвора кога растенијата никнуваат,
إِنَّهُ لَقَوْلٌ فَصْلٌ
Куранот навистина е говор кој ја раздвојува вистината од невистината,
وَمَا هُوَ بِالْهَزْلِ
тој не е никаква лакрдија!
إِنَّهُمْ يَكِيدُونَ كَيْدًا
Тие се служат со разни интриги,
وَأَكِيدُ كَيْدًا
а Јас ги уништувам,
فَمَهِّلِ الْكَافِرِينَ أَمْهِلْهُمْ رُوَيْدًا
затоа на неверниците дај им уште време, остави ги уште некој миг.